Кандидатот за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, нагласувајќи дека потписот не е само формалност, туку обврска за почитување на законите, правилата и етичките норми во изборниот процес.
„Како кандидат за градоначалник повикувам кампањата да ја водиме во позитивна и демократска атмосфера, ослободена од празна реторика и говор на омраза. Со конкретни проекти и идеи, со конструктивни дебати, да им дадеме шанса на граѓаните да го направат вистинскиот избор,“ изјави Тоневски.
Тој додаде дека развојот на демократијата и напредокот на државата зависи од однесувањето на сите учесници во изборниот процес.









