домаМакедонијаВо понеделник се очекува да се знае кој ќе биде изведувач на...

Во понеделник се очекува да се знае кој ќе биде изведувач на Универзалната сала

- Advertisement -spot_img

Одлуката за избор на изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала ќе биде донесена в понеделник, но постапката нема веднаш да биде финализирана бидејќи мора да помине законскиот рок од осум дена за поднесување жалби.

Ова денеска го соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој појасни дека една од постапките е веќе целосно завршена, додека втората се наоѓа во фаза на евалуација.

„Комисијата интензивно работи и целиот процес е при крај. Очекуваме в понеделник да биде донесена одлуката за избор на изведувач“, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата посветена на претстојниот Саем за туризам, кој ќе се одржи викендов во Скопје.

Во однос на судските пресуди поврзани со платите во културниот сектор, министерот повтори дека неговиот став останува непроменет. Тој нагласи дека пресудите од првостепените судови не пристигнуваат директно до него, туку преку институциите, по што тој дополнително се информира.

„Пред три дена една од првите одлуки, донесена од првостепениот суд во Битола, беше обжалена и Апелациониот суд донесе одлука во корист на институцијата“, рече Љутков.

Со ова, како што посочи министерот, се потврдува дека правната постапка сè уште е во тек и дека конечните исходи ќе зависат од одлуките на повисоките судски инстанци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img