HomeМакедонијаТоневски: Започна втората фаза од санацијата на градскиот резервоарот за вода во...

Тоневски: Започна втората фаза од санацијата на градскиот резервоарот за вода во Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Во тек е санацијата и реконструкцијата на главниот градски резервоар за вода за пиење, проект кој веќе влегува во втората фаза од реализацијата.


Според информациите, се очекува градежните активности да бидат завршени во рок од два месеци, по што системот за водоснабдување ќе функционира значително постабилно и поефикасно.


Во меѓувреме, водоснабдувањето се одвива преку регулациониот резервоар, поради што се можни повремени и краткотрајни прекини во испораката на вода. Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање додека трае реализацијата на проектот.


Санацијата има за цел да реши два клучни проблеми – истекувањето на вода, кое предизвикува штети на околните куќи, како и значителните загуби на вода за пиење.
Паралелно со реконструкцијата, се реализира и проект за алтернативно водоснабдување на Злетово, со што дополнително се зајакнува водоводната инфраструктура во регионот.
Проектот се финансира со средства од Владата на Република Македонија, во вредност од речиси 6 милиони денари.


Оваа инвестиција се очекува да донесе долгорочно решение за водоснабдувањето и подобар квалитет на живот за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img