Бројот на заболени од рак на кожа расте. Лекарите бележат алармантно зголемување на новодијагностицирани, а меѓу нив и се помлади.
Голем дел од заболените од овој тип на канцер се регистрираат во источниот дел од земјава. Дерматолозите апелираат – редовните прегледи се клучни за рано да се открие или да се превенира ова малигно заболување.
И додека бројката на новозаболени е во постојан пораст, здравствениот систем постојано се соочува со недостиг од дел од терапиите.
Министерот за здравство за актуелниот недостиг на клниката за онкологија вели дека не знае дали е веќе распишан тендерот, но тврди дека со новите законски измени веќе нема да има доцнење.
Онколошките пациенти алармираа дека дел од терапиите за рак на дојка, бели дробови, меланом и простата ги нема поради тендерските процедури и побараа од здравствените власти навреме да ги планираат количините и да се координираат со добавувачите.
Од клниката потврдија дека има застој и соопштија дека веќе се преземаат мерки за надминување на проблемот и очекуваат лековите наскоро да пристигнат.








