Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека учениците од СОУ „Н.Н. Борче“, кои постигнаа значаен успех на Државниот натпревар по географија, освојувајќи награди и високи пласмани.

Во своето обраќање, Тоневски упати искрени честитки до учениците, нивниот ментор и до целото училиште, нагласувајќи дека овој успех е резултат на континуирана работа, посветеност и висок квалитет во образовниот процес. Тој истакна дека ваквите достигнувања се јасен доказ дека младите од Пробиштип имаат потенцијал и знаење да се натпреваруваат и да победуваат на државно ниво.
Градоначалникот потенцираше дека освоените награди не се случајни, туку се плод на вложениот труд и ангажман на учениците и наставниците, кои заеднички придонесуваат во создавање на образовани и успешни млади генерации.
Со овој успех, СОУ „Н.Н. Борче“ уште еднаш се потврдува како училиште кое континуирано дава квалитетни резултати и активно придонесува во развојот на образованието и младите кадри во општината.








