домаМакедонијаТоневски најави акција против дивите депонии - Нема повеќе ѓубришта по ридовите

Тоневски најави акција против дивите депонии – Нема повеќе ѓубришта по ридовите

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека започнува координирана акција за отстранување на дивите депонии на повеќе локации низ општината.

Како што соопшти, во текот на наредниот период ќе бидат исчистени вкупно 14 идентификувани точки со неправилно одложен отпад, со цел враќање на чистотата и уредноста на јавниот простор.

„Чистата животна средина е заедничка одговорност и обврска на сите нас. Само со совесно однесување и почитување на правилата можеме да обезбедиме здрава и уредена околина за сегашните и идните генерации“, истакна Тоневски.

Тој апелираше до граѓаните да не создаваат нови диви депонии и отпадот да го одложуваат исклучиво на предвидените места, нагласувајќи дека заедничката грижа е клучна за почиста и поубава општина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img