15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски најави унапредување на животната средина во Пробиштип

Тоневски најави унапредување на животната средина во Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, во вечерашната дебата на Македонската радио-телевизија најави дека во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во општината, како дел од неговата програма за заштита на животната средина.

„Јас се кандидирам за градоначалник затоа што Општина Пробиштип во изминатите осум години е во застој, без капитални проекти, без економски развој и без инвестиции во животната средина, образованието и спортот“, истакна Тоневски. Тој додаде дека неговата изборна програма е направена според предлози од граѓаните и дека ќе се обиде да ја реализира во целост.

Тоневски посочи дека првиот проект што ќе го реализира е санацијата на јаловишната депонија, со поддршка од Владата и меѓународни институции. По оваа интервенција, тој најави изградба на пречистителни станици за отпадни води, поставување на мерни станици за квалитет на воздухот, како и инвестиции во паркови, зелени површини и пошумување.

„Проектот за рекултивација на јаловишната депонија беше изготвен уште во 2016 година од Министерството за животна средина и Градежниот институт на Македонија, но не беше реализиран. Наместо тоа, во изминатите години се инвестираше во фотоволтаици и насади со марихуана. Јас ќе го доведам проектот до крај со дренажен систем, геомембрани и насипување во слоеви, создавајќи површина која ќе се користи за зеленило, паркови, шеталишта и игралишта“, нагласи Тоневски.

Со оваа иницијатива, Тоневски најави дека Пробиштип ќе добие значајно подобрување на квалитетот на животната средина и инфраструктурата за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img