домаХроникаТетовец ја претепал својата девојка, па се пријавил во полиција

Тетовец ја претепал својата девојка, па се пријавил во полиција

- Advertisement -spot_img

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, нападот се случил вчера околу 18:30 часот пред зградата во која живее во населбата Блок 70, а како осомничен е посочен Б.И. од Тетово.

Од МВР информираат дека утрово осомничениот сам се пријавил во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img