0.8 C
Skopje
15 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТетовчанец доби 8 дена притвор за закани кон сопругата по расправија за...

Тетовчанец доби 8 дена притвор за закани кон сопругата по расправија за користење на продолжен кабел

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел кој што таа го купила и не сакала да му го даде да го користи.

Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да и се заканува дека ќе ја избрка од дома заедно со нивните две малолетни деца или дека ќе ја фрли од прозорецот на 4-от кат.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 8 дена за осомничениот.

На 09.12.2025 во 17:00 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 15:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот 55-годишен сопруг ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img