домаХроникаТешка сообраќајка кај Кичево: Се судрија три автомобили и камион, патот е...

Тешка сообраќајка кај Кичево: Се судрија три автомобили и камион, патот е во прекин

- Advertisement -spot_img

Сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол, по што сообраќајот на оваа делница е во прекин.

Според првичните информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации дали и колку лица се повредени.

Поради судирот, сообраќајот на патниот правец Стража – Кичево е во прекин и се пренасочува по споредни патишта.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што се очекуваат повеќе детали за причините и околностите под кои дошло до судирот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img