домаШоубиз„Теорема, леме“ на независниот театар „Златен Елец“ патува на ФИАТ во Подгорица

„Теорема, леме“ на независниот театар „Златен Елец“ патува на ФИАТ во Подгорица

- Advertisement -spot_img

Претставата „Теорема, леме“ во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе биде дел од официјалната селекција на 41. издание на Фестивалот за алтернативен театар ФИАТ во Подгорица. Изведбата во Црна Гора е закажана за 8 септември, а фестивалот трае од 4 до 13 септември. Пред регионалното гостување, македонската публика ќе ја гледа претставата во Битола и на фестивалот „Вртешка“ на Плачковица.

Претставата е работена според романот и филмот на Пјер Паоло Пазолини, во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ. Премиерната изведба се одржа во јули во Младинскиот културен центар во Скопје.

Премиерата на „Теорема“ се случи во месец јули оваа година во Младинскиот културен центар во Скопје. Во „Теорема, леме“ играат актерите: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски, костимографијата е на Лина Лековиќ, а преводот на Наташа Сарџоска, драматург е Ева Камчевска. Фотографиите се на Јордан Звездоски, координатор на проектот е Бобан Алексоски.

Претставата продолжува кај нас со изведби после изведбата во Црна Гора.

Ова е втора мини турнеја што театар „Златен Елец“ ја направи ова лето, претходно со „Сина сенка“ во јуни, јули и август гостуваше во Прилеп, Ниш, Колашин и Скопје, а се случи и премиерата на „Свињи“ во режија на Тамара Стојаноска во Битола.

„Теорема, леме“ е проект, односно активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од страна на „Хартефакт фонд“ од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година и Министерството за култура и туризам.

Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции.

„Театар ‘Златен Елец’ моментално со многу активни претстави продолжува да ги презентира на публиката во Скопје и низ државата, но и надвор од границите и морам да се заблагодарам на сите учесници во нашите претстави кои навистина ја живеат и чувствуваат моќта и развојот на независната сцена“ – вели еден од основачите, актерот Бобан Алексоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img