Македонскиот државјанин А.А. (19) беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека на 8 јули 2025 година, во Нов Белград, се обидел да му го одземе животот на Н.А.
Осомничениот ја изнел својата одбрана за време на сослушувањето, соопштија од обвинителството.
По сослушувањето, обвинителството побара од судијата за претходна постапка при Вишиот суд во Белград да му одреди притвор на осомничениот, наведувајќи опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело во краток временски рок.
Со наредбата за спроведување истрага, на А.А. му се ставаат на товар кривичните дела обид за убиство, како и неовластено производство, поседување, носење и промет на оружје и експлозивни материи.
Според наводите, на 8 јули минатата година, на улицата „Народних хероја“, А.А. трчајќи се приближил до возило кое оштетениот Н.А. во тој момент го паркирал. Потоа, А.А. испукал неколку куршуми кон оштетениот од пиштол марка „Црвена застава“, модел „Ц 99“, калибар 9 мм – кој го носел без дозвола. Оштетениот го забележал и се оддалечил со возилото.
Потоа, А.А. влегол во такси-возило и побегнал од местото на настанот.
Како што дознава „Танјуг“, врз оштетениот Н.А. – Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачката група на „Партизан“ – и претходно било пукано во неколку наврати.






