домаМакедонијаТекстилното училиште во Тетово ќе има нов објект – Касами: До крајот...

Текстилното училиште во Тетово ќе има нов објект – Касами: До крајот на годината ќе го промовираме

- Advertisement -spot_img

Средното текстилно училиште во Тетово следната година ќе добие нов објеКТ. Првата фаза од градежните работи на објектот е веќе завршена. Доколку не се појави некоја пречка, според градоначалникот на општината, Билал Касами, објектот ќе биде завршен за пет или шест месеци.

„На средното текстилно училиште се работи, се гради во рамките на предвидената динамика врз основа на договорот. Се надеваме, доколку нема некоја, така да кажам, вонредна ситуација, истото да биде готово до крајот на годината.“, додаде Биљал Касами.

Директорот на училиштето очекува учебната 2026/2027 година да ја започнат во новиот објект, бидејќи во моментов наставата ја реализираат во основното училиште „Беса“ во Мала Речица.

„Гледајте, автоматски деновиве ми се чини дека заврши првата фаза. Сега треба да започне втората фаза. Верувам дека за четири месеци, евентуално најмногу пет месеци, ќе заврши и втората фаза. И верувам дека учениците во новата учебна година, 2026/2027, ќе бидат сместени во новото училиште. Знаејќи дека ние сме во едно основно училиште, односно во ‘Беса’ – иако условите се добри – сепак верувам дека училиштето ќе биде готово, односно компанијата што го презеде ќе биде подготвена за сите ученици повторно да се вратат во своето училиште, поконкретно сега веќе во новиот објект.“, вели Музафер Ливорека.

За изградба на ова училиште општината ги обезбеди средствата од унгарскиот кредит, во вкупна вредност од 5 милиони евра или 308 милиони денари. За првата фаза обезбедени се 148,5 милиони денари од средствата на Владата за капитални инвестиции за општините, додека 2,2 милиони денари се издвоени од буџетот на Општина Тетово.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img