Home » Сунак: Британската индустрија ќе премине на воен режим, мора побрзо да произведуваме оружје и муниција

Сунак: Британската индустрија ќе премине на воен режим, мора побрзо да произведуваме оружје и муниција

by Журнал.мк

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека ќе издвои дополнителни 10 милијарди фунти за долгорочно финансирање на производството на вооружување. Во тој контекст, додаде дека британската одбранбена индустрија ќе ја „постави на воени нозе“ поради војната во Украина.

„Британската одбранбена индустрија ќе ја ставиме во воен режим. Една од главните лекции од војната во Украина е дека ни се потребни подлабоки залихи на муниција, индустријата да биде во состојба побрзо да произведува“, рече Сунак за време на заедничката прес-конференција во Полска со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.

Сунак предупреди на зголемување на опасноста по безбедноста во светот и додаде оти Британија не ја преценува проценката.

„Не сме на раб на војна, ниту ја посакуваме“, тврди Сунак.

Тој претходно предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да запре на полската граница“, ако Русија победи во војната.

Велика Британија планира да испорача витална опрема за Украина, вклучувајќи 400 возила, 1.600 парчиња оружје, четири милиони парчиња муниција, како и дополнителни 500 милиони фунти за воено финансирање, со што вкупната вредност во оваа финансиска година ќе биде три милијарди фунти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More