домаМакедонијаСудот му го одзеде пасошот на Билал Кара од Европската очна болница

Судот му го одзеде пасошот на Билал Кара од Европската очна болница

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Управниот одбор на Европската очна болница Билал Кара е под истрага за перење пари, а Кривичен суд донел одлука како мерка за претпазливост да му биде одземен пасошот, да му се забрани да ја напушта Македонија и да има обврска да се јавува во судот.

Во истрагата за злоупотребите на парите кои болницата добивала од Фондот, а им се наплаќало плус и на пациенти – опфатени се уште десет други лица меѓу кои и поранешниот директор на Фондот – Ден Дончев, поранешни и сегашни вработени во Фондот, како и раководни лица во приватната очна болница.

По информациите дека Албанија го бара Кара со меѓународна потерница поради сомнежи за финансиски малверации, и оти е тој почесен конзул на Македонија во Турција, Премиерот Мицкоски порача дека случајот се уште се истражува, а најави дека проверки се прават и за други вакви болници кои имаат договори со фондот за здравствено осигурување.

Од болницата пак денеска преку соопштение ги отфрлија наводите за злоупотреби.

„Нашата установа никогаш не оштетила ниту еден пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или финансиски аспект. Напротив, и по повеќе од една година без поддршка од ФЗО, успеавме да го зачуваме квалитетот, хуманоста и пристапноста на цените на офталмолошките интервенции за сите“.

Според првичните проценки – штетата врз државниот буџет изнесува околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури.. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од околу 4 милиони евра, а според пријавата, оштетени биле меѓу 3.000 и 4.000 пациенти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img