домаМакедонијаСудир меѓу ВЛЕН и ДУИ за автопатот Скопје-Блаце, двете страни си ги...

Судир меѓу ВЛЕН и ДУИ за автопатот Скопје-Блаце, двете страни си ги припишуваат заслугите за проектот

- Advertisement -spot_img

Скопје, 14 јуни – Проектот за автопатот Скопје-Блаце стана предмет на политички судир меѓу коалицијата ВЛЕН и ДУИ, при што двете страни тврдат дека имаат заслуги за реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјата.

Од ВЛЕН велат дека по повеќе од две децении ветувања, проектот конечно влегува во фаза на реализација.

„24 години на граѓаните им беше ветуван овој автопат, но тоа остана само на хартија. Денес, со ВЛЕН во Владата и со посветеноста на нашите претставници во државните институции, овој проект станува реалност. Ова не е само инвестиција во асфалт и бетон, туку инвестиција во стратешката врска со Косово, во економскиот развој, во побрзиот проток на луѓе и стоки, како и во создавањето нови можности за бизнисите и граѓаните“, соопштија од ВЛЕН.

Од друга страна, ДУИ оценува дека темелите на проектот биле поставени за време на нивното владеење и дека сегашниот процес претставува продолжение на работите започнати претходно.

„Една од најважните одлуки беше изградбата на првите два километри од автопатот. Овој сегмент не беше реализиран случајно, туку како стратешка гаранција дека проектот подоцна нема да се претвори во магистрален пат. Овие два километри практично го оневозможија отстапувањето од првичниот концепт. Владата предводена од ДУИ ги спроведе и тендерските постапки, на кои аплицираа 11 компании, додека на следната влада ѝ остана само да го избере изведувачот и да ги продолжи работите“, велат од ДУИ.

Политичката пресметка меѓу двете партии доаѓа еден ден откако претставници на Владата, по средбата со директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу, соопштија дека градежните работи на автопатот Скопје-Блаце се очекува да започнат во текот на јули.

Според официјалните најави, реализацијата на проектот е предвидено да заврши во рок од 24 месеци, а автопатот се смета за еден од најважните патни коридори за поврзување на Северна Македонија со Косово.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img