Во Охрид се одржа медиумска студиска тура посветена на проектот за енергетска реконструкција на студентските и ученичките домови во земјава. Проектот опфаќа обнова на 9 студентски домови, 6 ресурсни центри и 1 ученички дом, со вкупен буџет од 85,56 милиони евра.
Од Делегацијата на ЕУ информираат дека по обновата потрошувачката на енергија ќе се намали во просек за 56%, а емисиите на CO₂ за 49%. Проектот се реализира во три фази, а целосна реализација е предвидена до 2031 година.






