домаРегионСтудентите 140 пратеници, Вучиќ 103

Студентите 140 пратеници, Вучиќ 103

- Advertisement -spot_img

Студентската листа ќе има 140 пратенички места во Собранието на Србија, а „Обединета Србија – Александар Вучиќ“ 103 места, врз основа на конечната проекција на CeSID, по обработката на 96% од примерокот на гласањето на вчерашните избори.
Поранешниот претседател Вучиќ уште синоќа го призна поразот на изборите и најави дека неговата партија ќе биде силна опозиција.
Српската напредна странка на Вучиќ беше на власт од 2012 година.
„Јасно е дека ги изгубивме овие избори. Победи листата на студентската блокада; тие ќе имаат меѓу 135 и 140 пратенички места, додека ние ќе имаме околу 105“, изјави Вучиќ. Додаде дека „никаде нема да бега и никаде нема да се крие“.

Во Собранието ќе има и тројца пратеници од Сојузот на војводинските Унгарци, двајца од Албанската коалиција, а по еден листата „Расим Љајиќ – Хумани“ и СДА на Санџак.
Студентската листа освои 52,9% од гласовите, а Обединета Србија 38,8%. Ниту една друга партија не го помина прагот од 3% од гласовите. Две листи – „Избираме правда – избираме иднина“ и „Тато, ова е за тебе“ – добија 0%.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img