домаМакедонијаСтрумица добива компјутерски томограф, најавени нови инвестиции во здравството

Струмица добива компјутерски томограф, најавени нови инвестиции во здравството

- Advertisement -spot_img

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека во струмичкиот регион од наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф, кој ќе биде ставен во функција согласно сите пропишани стандарди. Со тоа, како што истакна, граѓаните од овој регион ќе добијат значително подобрен пристап до дијагностички здравствени услуги.

Во обраќање во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за состојбите во струмичката болница, министерот посочи дека установата е затекната со значителни финансиски обврски, но дека во меѓувреме се постигнати конкретни подобрувања во нејзиното работење.

Тој информираше дека болницата во Струмица била преземена со долгови од над 100 милиони денари, но дека преку подобро управување и реорганизација на финансиското работење, долгот е намален за околу 20 милиони денари. Според него, се работи на понатамошно стабилизирање на буџетските линии и подобрување на функционалноста на здравствената установа.

Алиу нагласи дека во болницата веќе е реконструиран еден од одделите, кој моментално е во фаза на технички прием и се очекува наскоро да биде ставен во функција за пациентите.

Тој посочи дека струмичката болница е дел од поширок процес на зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење. Во таа насока, Министерството за здравство спроведува анализи базирани на демографски податоци, потребите на пациентите и расположливите човечки и технички ресурси.

Како пример за регионален развој на здравствените услуги, министерот го посочи и онколошкиот центар во Битола, истакнувајќи дека иако има значаен потенцијал, во минатото не се вложувало доволно во модерна технологија и кадар.

Тој најави и значителен инвестициски циклус во здравствената инфраструктура во повеќе градови, меѓу кои Штип, Кичево и Тетово, со планирани инвестиции од околу 205 милиони евра.

Во рамки на одговорот, Алиу се осврна и на процесот на дигитализација на здравствениот систем, најавувајќи подготовка на Национална стратегија за дигитална трансформација на здравството. Според него, целта е модернизација на системот, подобра заштита на податоците и поефикасно управување со здравствените услуги.

Тој додаде дека се работи и на зајакнување на дигиталната инфраструктура, вклучително и нов дата центар, со цел поголема безбедност на медицинските податоци на граѓаните.

Министерот заклучи дека целта на реформите е изградба на здравствен систем кој ќе биде инфраструктурно посилен, подобро организиран, дигитално поврзан и подостапен за сите граѓани во државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img