домаМакедонијаСтотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од...

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

- Advertisement -spot_img

Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води.

Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството.

„По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството.

Полицијата, исто така, презема итни мерки и активности на терен во селото Вруток поради сомнежи за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар.

Постојат сомнежи дека биле поставени пумпи, преку кои се внесувала загадена вода во главниот цевковод што го снабдува градот за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа поради недостиг на вода за пиење.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img