Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато.
Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства.
Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи.
Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците.






