домаМакедонијаСтојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да...

Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала

- Advertisement -spot_img

Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“, а потоа им се заканувала.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа била приведена вчера (27 октомври), во 11:30 часот, по претходна пријава од двајца скопјани.

„На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на локалитетот ‘Камени кукли’ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје“, соопшти МВР.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Димитровска и претходно била приведувана поради обиди за наплата на влезници од посетители на туристичкиот локалитет, а против неа имало и пријави за напад врз посетители.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img