Во сабота по полноќ, односно недела во раните часови, на подрачјето на Центар било пукано од возило во движење.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење се слушнале истрели од огнено оружје.
Во врска со настанот во полициска станица извршен бил разговор со три лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






