HomeМакедонијаСредба на Борко Ристовски и катарскиот амбасадор Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин:...

Средба на Борко Ристовски и катарскиот амбасадор Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин: Фокусот ставен на продлабочување на односите

- Advertisement -spot_img

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должност амбасадор на Државата Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на спортот, како и за можностите за развој на заеднички иницијативи меѓу двете земји.

Двајцата соговорници разменија искуства и добри практики од спортските системи на Македонија и Катар, со посебен акцент на спортската инфраструктура и современите модели на организација и финансирање на спортот.

Министерот Ристовски истакна дека Министерството за спорт останува отворено за продлабочување на меѓународната соработка со земји кои имаат развиени спортски програми и силни инвестиции во спортот, со цел преку соработка да се придонесе кон понатамошен развој на македонскиот спорт.

Двете страни се согласија дека постои значаен потенцијал за нови партнерства и размена на знаења кои ќе резултираат со конкретни активности во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img