Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот со високите претставници на Министерството за одбрана и Вооружените сили, изрази идеја за донесување стратегија за роботизација, како и формирање единица опремена со роботизирани платформи. „Како врховен командант на Војската на Србија, предложив усвојување на стратегија за роботизација и создавање единица на ниво на баталјон, опремена со современи роботизирани системи“, рече тој.








