HomeМакедонијаФехми Стафа е пренесен во Шутка да ја издржува казната од 15...

Фехми Стафа е пренесен во Шутка да ја издржува казната од 15 месеци за митото од „Ѓаволот“

- Advertisement -spot_img

Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа е спроведен во затворот „Шутка“ по спогодба со јавниот обвинител, откако призна вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тој ќе издржува казна затвор од една година и три месеци, поради барање поткуп од својот клиент Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот.

„Судот ја разгледа предложената спогодба и утврди дека се исполнети законските одредби од Законот за кривична постапка, поради што ја верификуваше. Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш, а осудениот уште во текот на вчерашниот ден е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна“, соопштија од Кривичниот суд.

Според обвинението, Стафа барал пари со цел да влијае врз судија од скопска апелација за донесување одлука за домашен притвор. Тој бил фатен од полицијата со 50 илјади евра, иако, според информациите, барал значително поголема сума.

Во меѓувреме, обвинителството го осомничи и судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје за непријавување имот, откако во ѕид од куќата на неговите родители биле пронајдени заѕидани илјадници евра. Од Обвинителството информираат дека истрагата против судијата е сè уште во тек.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img