домаМакедонијаСОЗР ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење

СОЗР ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење

- Advertisement -spot_img

На седница на Кризниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи, а присуствувал и директорот на ЦУК-донеле заклучоци и мерки за состојбата во Гостивар.

Односно, Армијата на Македонија ги става во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека е потребно. СОЗР ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење. Апелираат сите граѓани на Гостивар доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции и да ги следат официјалните информации што ќе бидат објавувани во текот на денот.

Кризен штаб

„Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Главниот штаб задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење. Истовремено, Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.“

Министерот за здравство уверува дека здравствената состојба е под контрола, сега фокусот е гостиварскиот водовод да се стави во употреба. Потенцира дека ваква ситуација во Гостивар не се појавува првпат, но апелира да биде последен пат.

Сашо Клековски-министер за здравство

„Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190-тина пациенти. Значи имаме намалување натамошно и тоа веќе е значајно намалување од врвот во саботата кога имаше над или околу 600 пациенти. Ние продолжуваме со поддршка на сите епидимиолошки активности неопходни, за да се утврди хронологијата на настаните.“

Вчера судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи триесетдневен притвор за Артана Асани, Леон Нуредини, Вадедин Дервиши под сомнение дека сториле кривично дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“. За вакво кривично дело законот предвидува минимум четири години казна затвор.

На вчерашниот брифинг во гостиварското Обвинителство, обвинителот Хазби Исеини посочи ако во понатамошниот тек на истрагата се утврдат докази кои укажуваат на сомнежи, истрагата ќе се прошири.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img