домаМакедонијаСоветот на Општина Битола започна со електронско гласање на седниците

Советот на Општина Битола започна со електронско гласање на седниците

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Битола денес ја одржува 5-та редовна седница на која се започна со примената на новиот електронски систем за гласање и на пленарните седници. Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, истакна дека со ова Битола станува прв пример во земјата за воведување на електронско гласање на општинско ниво.

„Со воведувањето на новиот електронски систем за гласање, граѓаните и советниците конечно имаат целосен и прецизен увид во работата на Советот. Секој граѓанин може да види кој советник бил присутен на седницата и како гласал за секоја точка од дневниот ред. Гласањето јавно се прикажува на монитор во салата, а како дел од записникот има детален извештај од секое гласање, кој се архивира и е достапен за јавноста“, објасни Бојкоски.

Тој нагласи дека ова е значителен напредок во транспарентноста и отчетноста на работата на Советот. Додаде дека во минатото записниците покажувале само бројки – колку гласале „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАНИ“ – без можност да се види кој советник како гласал. Со новиот систем, таа нејаснотија станува минато.

Воведувањето на електронското гласање се гледа како чекор кон поголема транспарентност и засилена доверба на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img