HomeМакедонијаСопругата на возачот кој почина од тага во Кочани се поклони пред...

Сопругата на возачот кој почина од тага во Кочани се поклони пред неговата биста

- Advertisement -spot_img

Сопругата, роднините, колегите, сограѓаните се собраа за да се поклонат и да остават свежо цвеќе пред спомен бистата на возачот од Кочани кој го даде својот живот за да им помогне на повредените деца од дискотеката на смртта.

Пред просториите на Итната медицинска помош во Кочани е крената спомен биста на Илчо Иле Гоцевски, човекот кој минатата година го даде својот живот спасувајќи ги децата кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во присуство на семејството, колегите, претставници на локалната власт, пред болницата беше откриено спомен обележјето на човекот којшто почина од тага по кобната ноќ на 16-ти март минатата година, кога пожарот во „Пулс“ со себе однесе 63 млади животи.

„Иле во секојдневните моменти знаеше да внесе топлина, насмевка и надеж, а во најтешките покажа нешто што не може да се научи, само се носи во себе – вистинска несебична храброст.

Во миг кога многубина би се повлекле Иле чекореше напред, без двоумење и без страв, воден од желбата да помогне и да спаси други луѓе.

Тој го даде својот живот за да спаси други животи. Тоа не е само чин на храброст, тоа е чин на чиста човечност, на љубов кон животот“ – порачаа неговите колеги.

Иле неуморно ги пренесувал цела ноќ повредените во дискотеката, заради што вечерта веќе еднаш му давале инфузија.

Кога лекарите му рекле да оди дома и да одмори, Иле не сакал да прифати и останал да помогне.

Кочанчани, кои деновиве одбележуваат една година од ноќта која целосно ги промени нивните животи и ја зави цела Македонија во црно се поклонија пред херојот со срце планина, кој го даде и својот живот за да помогне кога беше најтешко и стана 64-тата жртва на дискотеката на смртта.

Свежо цвеќе пред неговата биста положи сопругата, како и други роднини, колеги, претставници на локалната власт…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img