По денешната објава, превземена од социјалните мрежи, во која СОНК се наведува како дел од организациите што го поддржуваат најавениот првомајски протест, Сојузот на синдикати на образованието, науката и културата на РМ (СОНК) испраќа демант.
СОНК информира дека не делува во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека нема донесено никаква одлука за учество или поддршка на најавениот протест на 1 Мај.
Поради тоа, ја демантираме објавената информација во делот во кој СОНК е наведен како учесник или поддржувач на настанот.








