домаМакедонијаСончево и топло време со температура до 37 степени

Сончево и топло време со температура до 37 степени

- Advertisement -spot_img

Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Според најавата, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 Целзиусови степени.

Синоптичарите најавија дека и во наредните денови, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, што ќе биде поизразена во среда и четврток, кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Во петок и за време на викендот, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img