Повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба собраниска делегација положи свежо цвеќе на споменикот на основачите на ВМРО во Паркот на жената-борец.
На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во одринска Тракија.
По повод Денот на македонската револуционерна борба, во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија „Од идеја до држава“, на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски. А предвидено е доделување и награди за достигнување во културата и уметностите.






