Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница.
На дневен ред на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка.
По завршување на оваа седница, пратениците треба да го продолжат 108. седница, на која ќе се разгледува Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, кој е во второ читање.






