47-годишен гостиварец доби кривична пријава поради закана со остар предмет кон малолетници.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 01.07.2026 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет упатувал закани на двајца малолетници.






