домаМакедонијаСледува ново зголемување на платите во јавното здравство – најавени и построги...

Следува ново зголемување на платите во јавното здравство – најавени и построги контроли

- Advertisement -spot_img

Фондот за здравствено осигурување останува посветен на натамошно зголемување на платите во јавното здравство, како предуслов за соодветно вреднување на работата и подобар квалитет на услугите, изјави директорот Сашко Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека платите во здравствениот сектор кумулативно се зголемени за 17 проценти во ноември 2024 и март 2025 година, при што најголем раст има кај понискиот и средниот кадар, а кај матичните лекари капитациите се зголемени за 33 отсто. Во март годинава, согласно договорот со синдикатите, најави ново, процентуално зголемување на платите, со цел повторно да се обезбеди соодветно вреднување и на лекарите.

Клековски информираше и дека досега нема поврат на незаконски исплатени надоместоци во јавните здравствени установи, најавувајќи дека при повторни контроли ќе следуваат казни. Воедно, ФЗО работи на дигитализација на контролите и воспоставување поефикасен систем на санкции и поттикнување на установите што ги почитуваат правилата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img