Денеска попладнево започна уривањето на тезгите на Бит пазар. Тие се во сопственост на приватна компанија и засега ниту во општина Чаир немаат детални информации за нивното отстранување, детали најавија во текот на утрешниот ден.
Во однос на прашањето дали до нив е доставено некакво барање или не, од Град Скопје упатуваат на одговори во општина Чаир, посочувајќи дека не се надлежни.






