домаМакедонијаСлабости во работењето на ИЈЗ – неевидентирање на прием и потрошувачка на...

Слабости во работењето на ИЈЗ – неевидентирање на прием и потрошувачка на вакцини

- Advertisement -spot_img

Државниот завод за ревизија (ДЗР) даде неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје за 2024 година.

„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот на ДЗР.

Констатирани се повеќе слабости во работењето на институцијата, меѓу кои нецелосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, како и неевидентирање на приемот и потрошувачката на вакцини во деловните книги.

Ревизорите утврдиле дека пописот на побарувањата не е извршен во целост, а за побарувањата во вредност од над 18 милиони денари, постари од три години, не биле преземени активности за наплата.

Утврдени се и слабости во дел од постапките за јавни набавки, неправилности поврзани со ангажирани лица по договор на дело, недоследности при издавање деловен простор под закуп, како и случаи на несоодветни исплати на плати и надоместоци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img