домаМакедонијаСкопските клиники барале од Фондот да им ги наплаќа услугите на болниците...

Скопските клиники барале од Фондот да им ги наплаќа услугите на болниците кои им преупатуваат пациенти

- Advertisement -spot_img

Потребна е широка јавна расправа за патеката на движење на пациентите и правото на пациентот да избира лекар, изјави за „Локално“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прашањето како ќе го решат проблемот со преупатување на паценти од другите болници и градови на клиниките во Скопје.

-Треба да се уважи правото на избор на лекар, бидејќи дел од пациентите самите кажуваат каде сакаат да бидат лекувани. Потребна е поширока јавна расправа за од една страна да се слушнат и желбите на граѓаните, а од друга страна и капацитетот на јавното здравство. бидејќи ваквата состојба е неодржлива, изјави Клековски.

На брифингот со новинарите, тој објасни дека дел од скопските клиники, каде и најмногу се преупатуваат пациенти од општите и клиничките болници од другите градови, побарале ФЗО да воведе сервисен упат, со кој за секој пациент кој е преупатен во Скопје, здравствената услуга да се наплаќа во болницата која го преупатила.

Клековски објасни дека во јавното здравство има скоро 19 илјади вработени, за кои се исплатени околу 1,5 милиони денари за плата, а 25 % од овие средства се додатоци на плата.

Од анализата која е направена во ФЗО утвдиле дека најмногу додатоци на плата се поделени во општите боници со проширена дејност и во клиничките болници во Тетово, Штип и Битола, а дури потоа се хируршките клиники во Скопје. Од друга страна, како што појасни Клековски токму во општите болници каде најмногу имаат исплати за додатоци на плата има најмала ефективност во работата. Тој спомена и случај на лекар кој ниту еднаш во месецот не влегол во сала да направи операција, а зема плата од околу две илјади евра.

-Нашиот колективен договор ги дели професиите на хируршки и интернистички и тука постојат разлики во додатоците и тоа посебно за дежурства. При тоа не се зема во основа дали вие суштински работите во сала или не работите во сала, бидејќи вие може да бидете ортопед, уролог, оториноларинголог и да не работите во сала, бидејќи таму има и дијагностика, и не се сите хирургии чиста класична хирургија. Имаме хирурзи кои не вегуваат во сала и тоа не е непознато, кажа Клековски.

Тој додаде дека во одредени здравствени установи има вишок на доктори, а недостаток на медицински сестри и кадар за поддршка на здравствената работа.

Тој појасни дека има доволен број лекари во јавното здравство, но дека има лоша организација на вработени, а има одделенија кои мора да ги оддржуваат без оглед дали даваат или не здравствени услуги, како што се инфективните одделенија во болниците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img