домаМакедонијаСкопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“

- Advertisement -spot_img

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и безбедносните експерти, со цел размена на идеи и унапредување на регионалната соработка.

Поздравни обраќања на форумот ќе имаат Беким Сали, министер за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово – Тетово, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Главното обраќање, како што се наведува во најавата, ќе го има Јулијан Чифу од романскиот Центар за спречување конфликти и рано предупредување.

Во рамки на форумот ќе се одржат три панели. На првиот, посветен на „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“ ќе се обратат Јованка Јакубек-Лалик, Универзитет во Варшава, Полска, Жидас Даскаловски, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Дарко Трифуновиќ, Институт за национална и меѓународна безбедност (INIS), Белград, Србија, Јулијан Чифу, Центар за спречување конфликти и рано предупредување, Романија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img