домаМакедонијаМајката на Фросина: „За миг мислам дека само си излезена и дека...

Мајката на Фросина: „За миг мислам дека само си излезена и дека ќе дојдеш дома“

- Advertisement -spot_img

Мајката на Фросина Кулакова, 22-годишната девојка која го загуби животот откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, објави потресна порака посветена на својата ќерка.

Камелија Кулакова пишува дека веќе 612 дена „ја учи тишината“, но сè уште не знае како да живее во неа. Во емотивната објава таа зборува за секојдневните мигови во кои за момент ѝ се чини дека Фросина само излегла и дека повторно ќе се врати дома.

„Понекогаш рацете ми се зафатени со нешто обично и за миг заборавам да го очекувам невозможното. Во тој миг ти си само излезена. Некаде создаваш, некому му помагаш, некого го смееш. Ќе дојдеш дома. Потоа се сеќавам. И повторно останувам без тебе“, напиша Кулакова.

Таа раскажува и дека пред фотографиите на Фросина го дополнува маслото во кандилцата, грижејќи се пламенот да не згасне.

Во нејзините мисли, пишува Камелија, останала и вечерта која никогаш нема да се случи – модна ревија на Фросина, нејзиното име и мајка ѝ во публиката која ја чека да излезе и аплаудира.

„Колку живот имаше пред тебе, дете мое. Сега го носам во себе и она што го живееше и она што не ти беше дадено да го живееш“, стои во објавата.

Камелија вели дека посакува да слушне и спомени за Фросина од другите луѓе – приказни кои таа самата не ги знае и во кои нејзината ќерка повторно се смее.

„Фросина моја, убавино моја. Кандилцата светат. А јас би ги дала сите преостанати утра за уште еднаш да те дочекам дома“, напиша мајката на Фросина.

Фросина Кулакова имаше 22 години кога на 29 јануари 2025 година беше усмртена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. По нејзината смрт следуваа протести на кои граѓаните бараа правда и поголема безбедност во сообраќајот. Нејзиното семејство подоцна ја основа Фондацијата „Фросина Кулакова“, чија цел е подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот и поддршка на семејствата погодени од сообраќајни трагедии.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img