домаХроникаСкопјанец повреден откако автомобилот му се запалил во движење

Скопјанец повреден откако автомобилот му се запалил во движење

- Advertisement -spot_img

Педесет и петгодишен скопјанец се здобил со изгореници откако неговиот автомобил се запалил додека бил во движење на подрачјето на Чаир.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на изминатата сабота околу 07:40 часот. Според пријавата, додека С.Д. (55) го управувал возилото, избувнал пожар.

Возачот навреме успеал да излезе од автомобилот, но притоа се здобил со изгореници по телото. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од СВР Скопје. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img