Скопјанец (44) пријавил во СВР Скопје дека бил измамен за 309.800 денари од лице со иницијали Д.П., кое му ветило дека ќе посредува при добивање кредит од банка.
Според пријавата, измамата се случувала во периодот од 27 мај до 1 јуни 2026 година. Бидејќи се познавале од претходно, оштетениот во неколку наврати му давал пари на Д.П. за наводни трошоци поврзани со одобрување и подигнување на кредитот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.








