Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше на церемонијата на подигнување на знамето на најновата руска нуклеарна подморница „Перм“, во Северодвинск.
„Перм“ е петтата подморница од класата „Јасен-М“ која се приклучува на руската флота во изминатите шест години.
Путин изјави дека Русија е меѓу малкуте земји во светот кои имаат капацитет да произведуваат вакви моќни нуклеарни подморници. Тој најави и дека до 2030 година руската морнарица треба да добие уште пет подморници носачи на ракети, меѓу кои и три од класата „Јасен-М“.






