домаРегионДРАМАТИЧНИ СПАСУВАЊА ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Над 500 мигранти спасени – еве по...

ДРАМАТИЧНИ СПАСУВАЊА ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Над 500 мигранти спасени – еве по колку се трага!

- Advertisement -spot_img

Грчката крајбрежна служба во текот на ноќта спровела голема спасувачка операција во морскиот простор јужно од островите Крит и Гавдос, при што биле спасени вкупно 549 мигранти кои патувале со десет чамци.

Според информациите на грчката крајбрежна служба, спасувањето се одвивало во осум одделни операции, кои започнале кратко по полноќ. Во две од акциите биле забележани по два чамци, а речиси сите пловила биле лоцирани со помош на воздухопловни средства или беспилотно летало на силите на Фронтекс.

Пет од операциите биле реализирани во близина на Крит, додека останатите три се одвивале во водите кај Гавдос, малиот остров кој ја претставува најјужната точка на Грција и Европа.

Бројот на лица во чамците се движел од 36 до 50, со исклучок на две пловила во кои имало значително поголем број мигранти – 80 и 102 лица.

Сите 549 мигранти биле успешно спасени и безбедно пренесени до пристаништата на Крит и Гавдос, соопшти грчката крајбрежна служба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img