Лидерот во шпанската Ла Лига, тимот на Барселона, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, Бернардо Силва. Искусниот играч за врска веќе потврди дека си заминува од „Итихад“ на крајот од актуелната сезона, а тоа значи дека може да се пресели на „Ноу Камп“ без никакво обесштетување.








