Силен пожар се приближува од Република Србија кон Република Македонија, поточно од правецот на српското село Трнава накај селото Стража во општина Липково над граничниот премин Табановце!
Густиот чад од овој пожар ги има обвиткано буквално целата општина Липково и дел од општина Арачиново, а се осеќа и во Куманово.
– Да се надеваме дека соседите или временските услови ќе го средат пожарот пред да стигне кај нас во Македонија затоа што се работи за многу лош пожар со огромен интензитет – информира пред малку заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.






