Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, 12 ноември 2026 година, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува во Даблин, Ирска.
На средбата, организирана во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, се очекува присуство на повеќе од 50 европски шефови на држави и влади, како и претставници на клучни европски и меѓународни институции.
Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и ирскиот премиер, Михал Мартин.






