Латиноѕвездата Шакира вчера ги изненади учениците од настраданите училишта по големиот земјотрес што го погоди Кибдо, Колумбија на десетти август. За време на посетата таа вети реконструкција на десет училишта во еден од најсиромашните региони на Колумбија, заедно со Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет.
– Она што најмногу ме загрижува е училиштата да не бидат обновени откако ќе заврши оваа вонредна состојба. Пропуштените часови ќе влијае лошо врз нивната иднина – изјави пејачката.
Освен училиштата, пејачката ќе помогне и во обнова на локалниот технолошки универзитет во Чоко.
Со сума од 500.000 долари, поддршка ќе пружат и „FIFA Global Citizen Education Fund“ и компанијата „Live Nation“, како и развојната банка „CAF“, со дополнителни 250.000 долари.
Во земјотресот со јачина од 7,4 степени загинаа најмалку 287 лица, уништени се повеќе од 26.000 станбени објекти, а 194 лица се водат како исчезнати. Според податоците биле уништени најмалку 3.100 куќи и над 265 образовни институции.






