Словенечките медиуми предмалку споделија информација која воопшто нема да им се допадне на илјадниците навивачи на РК Вардар.
Според нив, словенечкиот интернационалец во редовите на Вардар, Јака Малус е пред враќање во татковината односно пред потпис со екипата на Целје.
Словенечка „Екипа“ додава дека овој тим не е единствениот заинтересиран за искусниот Малус, и дека во редот на неговите услуги се застанати и Слован, Тримо Требње и Словењ Градец.
Од самиот клуб, Целје, не потврдуваат никаков директен контакт со играчот на Вардар во моментов, но напоменуваат дека не би имале ништо против да го видат повторно во нивните редови, каде што Малус и има играно претходно.
Сето ова секако би се случило на крајот на актуелната сезона.






