домаШоубизСЕВЕРИНА, ТИЈАНА И РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА ЈА ПРОСЛАВИЈА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА НА...

СЕВЕРИНА, ТИЈАНА И РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА ЈА ПРОСЛАВИЈА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

- Advertisement -spot_img

Хрватската пејачка Северина, актерот Раде Шербеџија и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ се меѓу познатите личности од регионот кои јавно ги поддржаа студентите на парламентарните избори во Србија одржани вчера (25 октомври). Северина ја прослави победата на Студентската листа на социјалните мрежи, Шербеџија испрати порака од Њујорк, а Дапчевиќ сподели видео како се слави на улиците на Белград со нејзина песна.

Актерот Раде Шербеџија испрати поддршка за студентите од Њујорк (Фото: К. Попов)

„Горда сум на вас студенти, до солзи!“, напиша Северина на Инстаграм, споделувајќи снимки од славењето на улиците во Србија.

Таа објави видео од Ниш, на кое се гледа порака упатена до неа: „Северина, се гледаме“. Нејзиниот хит „Бред Пит“ стана дел од студентската предизборна кампања. Студентите го искористија познатиот рефрен со броењето до три, бидејќи нивната изборна листа беше под овој реден број.

Македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ, која долги години живее во Белград, на видеото кое го објави напиша: „Младоста за која се бориме“.

Актерот Раде Шербеџија на денот на изборите објави видео од Бродвеј во Њујорк, од каде што испрати поддршка за Студентската листа.

„Ако уште не си, излези и гласај, студентите победуваат!“, рече Шербеџија.

Босанскиот режисер и оскаровец Данис Тановиќ исто така ја поддржа Студентската листа, објавувајќи ја пораката „Три е ин“. Меѓу српските актери кои јавно застанаа зад студентската изборна листа се Јелена Ступљанин, Катарина Радивојевиќ, Сергеј Трифуновиќ и Бојана Маљевиќ.

Музичарот Момчило Бајагиќ-Бајага ја поддржа Студентската листа со тоа што го приспособи текстот на својот хит „она што не го може никој, го можеш ти“ во „она што не го може никој, го може 3“.

Меѓу познатите личности кои го поддржаа Александар Вучиќ на изборите беа актерите Предраг Мики Манојловиќ, Бранислав Лечиќ и Лидија Вукиќевиќ, виолинистот Јован Колунџија и поранешниот кошаркар Жељко Ребрача.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img